Некогашниот играч на Фенер екстра засилување за новиот прволигаш, Гостивар посилен со Алпер Потук

860

Ако еден играчмилан седум години како играч на Фенербахче и одиграл преку 200 мечеви за овој турски гигант тогаш јасно е дека за тој фудбалер ќе биде и тоа како големо засилување за тимот на Гостивар.

Новиот ПМФЛ член носи екстра засилување во своите редови, во името на Алпер Потук кој има 32. години и кој е легенда на Фенербахче. Има играно и за Ескишехир, односно Ризеспорт и Анкарагучу.

Сензационалниот трансфер на гостиварчани само покажува колку овој тим е амбициозен во моментов и колку вложува во тимот за што подобра претстојна ПМФЛ сезона.

Потук има забележано седумнаесет настапи за репрезентацијата на Турција, а тука не ги сметаме секако оние за младинските категории.

 

ПретходноЛевски ги предупреди своите навивачи: Однесувајте се коректно, навивајте без навреди
СледноМЗТ Скопје Аеродром оди на сигурно, Васко Атанасов тренер и следната сезона