Шкотланѓани и Швајцарци ќе им судат на Струга ТЛ и Шкупи на реваншите во Подгорица и Софија!

104

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на реваншите во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Па така во Подгорица, на мечот меѓу Будуќност и Струга ТЛ, главен судија ќе биде Дејвид Монро од Шкотска. Него ќе му помагаат Дејвид Ром, Џонатан Бел и Грент Ирвин, исто така од Шкотска.

Овој меч се игра во вторник се почеток од 21 часот.

Во Софија, на меот меѓу Левски и Шкупи, главен судија ќе биде Лионел Чуди од Швајцарија, додека неговите сонародници Беким Зогај, Гиљом Маире и Лукас Фандриќ ќе бидат негови помошници.

Инаку натпреварот во Софија се игра в четврток со почеток од 19 часот.

ПретходноНеверојатно: Ова е првиот гол на Барса од слободен удар уште од времето на Меси! Минаа 816 дена… (ВИДЕО)
СледноКога не сака Мбапе: Ал Хилал тргнува по Осимен!