Дома Фудбал Прва лига Брегалница посилна за интернационалец од Грузија

Брегалница посилна за интернационалец од Грузија

162

Грузиецот Лука Робакидзе е најновото засилување за екипата на Брегалница. Штипјани очигледно дека летово од сопствено искуство пред се решија да се засилуваат претежно со странски засилувања, па ете стигнаа и до офанзивецот од Грузија.

Се работи за 23. годишен играч за врска со офанзивни карактеристики, кој  доаѓа од редовите на грузискиот Шукура, а претходно има настапувано и за Самтредиа во домашниот шампионат, како и за екипата на Таборско во Чешка.

Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, фудбалерот од средниот ред Филип Стојчевски од Силекс, репрезентативците на Јамајка, Колин Андерсон и Роналдо Вебстер, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.
ПретходноПМФЛ: Комплетен распоред за новата сезона 2023/24!
СледноЛевски ги предупреди своите навивачи: Однесувајте се коректно, навивајте без навреди