Македонската фудбалска легенда Горан Гранде Пандев денеска полни 40.години. Јубилејниот роденден Гранде го прославува во домашни услови онаму каде што секогаш и најубаво се чувствувал, во својата Струмица.
Овојпат со отворен ден за фановите и граѓаните на неговиот роден град, во ФК Брера Сттрумица каде што Пандев и натаму е еден од водечките луѓе и каде што секогаш е добредојден.
Горан нека ти е среќен роденденот и да прославиш уште многу во иднина. Македонија е среќна што е има како фудбалер, репрезентативец, икона на македонскиот спорт, а сега ете како спортски, но пред се како човек со беспрекорна биографија кој на нашата земја и донесе многу радост, среќа и задоволство.