Иако до пред неколку дена не ни помислуваше дека токму сега тоа ќе го стори, сепак поради тешката повреда, Давид Силва со емотивно видео објави дека ја завршува кариерата.
Тој на трениг со сегашниот тим Реал Сосиедад ги скина лигаментите и мораше ова да го стори:
“Денеска е тажен ден за мене. Денеска е денот кога се збогувам од тоа што му го посветив целиот свој живот“ рече Силва.
Инаку некогашниот шпански репрезентативец во својата кариера настапуваше за Валенсија, Еибар, Селта, секако Манчестер Сити и Реал Сосиедад.
Muchas gracias…fútbol pic.twitter.com/HoB6TPojAd
— David Silva (@21LVA) July 27, 2023