Македонскиот првак го нема затворено списокот за засилување пред стартот на новата сезона. Според „Спортски журнал“ Пелистер е во завршни преговори со Богдан Радивојевиќ.
Десното крило минатата сезона беше дел од Пик Сегед, и покрај понудата од Динамо Букурешт, одлучи да се договори со битолскиот тим и да биде дел од составот кој ќе настапува во Лигата на шампиони.
Радивојевиќ ќе ја дели минутажата со македонскиот репрезентативец Ненад Костески.
Пелистер претходно се засили со Цехте, Борзаш, Гедбан, Нилсен, Ѓорговски и Петровиќ.
Фото: Богдан Радивојевиќ Инстаграм