Мартинез отворено: Лукаку ме разочара

221

Напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез за италијанска „Газета дело Спорт“ зборуваше за поранешниот соиграч Ромелу Лукаку.

Да потсетиме, Лукаку минатата сезона ја мина на позајмица во Интер од Челзи, но тој период го одбележаа повредите кои го држеа надвор од форма во поголемиот дел од сезоната. Сепак, на крајот од сезоната ја најде својата форма и беше многу важен фактор за пласманот на Интер во финалето на Лигата на шампионите. Челзи не смета на него, па Белгиецот е во потрага по нова средина.

Се очекуваше, по заминувањето на Един Џеко во Фенербахче, тој да остане во Интер, но таа работа многу брзо се врати назад.

Лукаку наводно преговарал со Јувентус, иако во 2021 година, по освојувањето на Скудетото со Интер и пред неговиот трансфер во Челзи, рекол дека никогаш нема да замине во торинскиот клуб или Милан. Ваквиот потег на Белгиецот, кој беше херој, навивачите на Интер би го сметале за предавство.

Целата сага ја коментираше Мартинез, новиот капитен на Интер.

„Ромелу ме разочара, вистина. Се обидов да му се јавам, но тој никогаш не ми се врати, исто како што им одговараше на другите соиграчи. Многу сум разочаран, особено после толку години минати заедно. Сепак, тоа е негов избор. Му посакувам се најдобро, иако не очекував вакво однесување“, изјави Мартинез за Газета.

Лукаку во текот на кариерата играше за Лирс и Андерлехт во Белгија, потоа за Челзи, ВБА, Манчестер Јунајтед и Евертон во Англија и за Интер. Најдобрите денови ги помина во миланскиот клуб, за кој на 132 настапи постигна 78 гола и забележа 23 асистенции.

Во сезоната 2020/2021. ја освои Серија А, како дел од убиствениот напаѓачки тандем со Мартинез.

Претходно“Трето полувреме“: Левски повторно е во Скопје!
СледноУЕФА го прогласи Шкупи – Левски за меч од висок ризик, во Скопје доаѓаат 1.600 бугарски фанови!