МВР потврди: Приведени 9 бугарски навивачи поради напад на полициски службеници

576

Од Министерството за внатрешни работи вечерва излегоа со информација дека во пресрет на мечот меѓу Шкупи и Левски во Скопје се приведени девет бугарски навивачи.

Според информациите, тие се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот.

„На 27.07.2023 од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, се вели во известувањето од МВР.

ПретходноНавивач на Левски прободен со нож и пренесен во болница
СледноИнтер и Баерн се пред договор: Зомер ќе биде нов голман на „нероаѕурите“