Никола Миротиќ е во сериозни проблеми. Откако реши да не доаѓа во Партизан по раскинувањето на договорот со Барселона, клубовите еден по еден се откажаа од него. Прво Монако се повлече од трката за неговиот потпис, а сега и Панатинаикос.
Грчкиот клуб веќе оваа сезона донесе девет засилувања и целосно го промени тимот, а за позицијата крилен центар сакаше во тимот да ги има Миротиќ или Шенгелија. Откако Виртус најави дека ќе бара 1.000.000 евра отштета за Шенгелија, тој трансфер пропадна, а сега грчките медиуми наведуваат дека нема ништо ниту од Миротиќ.
Пао реши да го доведе Хуанчо Ернангомез. Долгогодишниот НБА играч и поранешен соиграч на Никола Јокиќ во Денвер реши да се врати во Европа. Го посакуваше Барселона, не ја прифати поканата на клубот од Каталонија и ќе потпише договор со „зелените“ од Атина.