Неверојатно: Ова е првиот гол на Барса од слободен удар уште од времето на Меси! Минаа 816 дена… (ВИДЕО)

206

Ете, и тоа се случи. По цели 816 дена Барселона постигна гол од слободен удар, и тоа против Арсенал на пријателската во САД, во која загуби со 3:5. А стрелец беше Рафиња.

Интересно, ова е прв гол за Барса од слободен удар уште од времето кога Лео Меси играше за каталонскиот гигант. Последен пат тоа се случи на 2 мај 2021 година и тоа против Валенсија, и знаете кој беше стрелец? Секако, Лео Меси!

Интересно, тој имаше многу среќа по шутот, топката влезе во мрежата а Бразилецот речиси и да не се радуваше.

ПретходноПромоција: Милан се пофали со Чуквуезе! (ФОТО)
СледноШкотланѓани и Швајцарци ќе им судат на Струга ТЛ и Шкупи на реваншите во Подгорица и Софија!