Норис се извини што го скрши трофејот на Верстапен вреден 40.000 евра

424

Ландо Норис им се извини на Макс Верстапен и на организаторите на трката за ГН на Унгарија за уништениот вреден трофеј.

Норис ја скрши кинеската вазна што му беше доделена на возачот на Ред Бул, Верстапен, за победата на Унгарското ГП откако удирајќи шише шампањ од подиумот, предизвика трофејот да падне и да се скрши. Информациите велат дека истиот чини околу 40.000 евра и е резултат на повеќемесечната работа на унгарските занаетчии.

„Прво, сакам да се извинам. Нормално, воопшто немав намера да го правам ова. Знам дека тоа им значи многу на Унгарците, тоа е дел од нивната култура и така натаму. Се разбира, во такви моменти сакам да се забавувам, но немав намера да го направам тоа и му се извинив и на Макс“, изјавил Норис.

Претходно„Бугарска“ победа на Левски во Скопје, со два удара до 0:2 против Шкупи (ВИДЕО)
СледноКостов: Теренот беше очаен, а Левски заслужи да победи