Официјално: УЕФА и дозволи на Барселона да игра во ЛШ, но….

344

И официјално. Барселона како првак на Шпанија доби дозвола од УЕФА во наредната сезона да настапиува во фудбалска Европа, поточно во Лигата на Шампионите. Секако дека ова е добра вест за сите во таборот на каталонскиот гигант, но ова беше и очекувана одлука на УЕФА која беше официјализирана денеска.

Сепак, има едно но…

Имено Барселона е привремено примена во натпреварите на УЕФА. Ова значи дека во блиска иднина одлуката може да биде повлечена ако Барселона не соработува со надлежните тела на УЕФА.

Барса треба да ги обезбеди сите потребни документи и да ги приложи до истражните тела а тие треба да ја финализираат истрагата и да поднесат извештај до Апелационото тело на УЕФА.

Да потсетиме дека поради проблемите со финансиите и прописите постоеше голема можност каталонскиот гигант да биде исфрлен од настапите на УЕФА.

ПретходноМеч за уживање на Арената: Шкупи VS Левски!
СледноПромоција: Милан се пофали со Чуквуезе! (ФОТО)