Попладнево на стадионот на Автокоманда, пријателска средба одиграа Скопје и прволигашот Гостивар. Во добра и интересна игра од двете страни, гостите славеа со 2:4. Головите за Гостивар ги постигнаа Реџан Абази два и тоа за 0:2, гол постигна и Мујезиновиќ, како и Спахиу за конечни 2:4.
Додека кај домашните стрелаше младиот и одличен напаѓач Азер Омерагиќ.
Ова беше убава контрола и за двете екипи да видат до каде се со формата во пресрет на стартот на новата сезона 2023/24.