УЕФА го прогласи Шкупи – Левски за меч од висок ризик, во Скопје доаѓаат 1.600 бугарски фанови!

621

Вечерва на Арената во Скопје од 21 часот во квалификациите во ЛК се среќаваат Шкупи и Левски. Со огледна целата ситуација околу Македонија и Бугарија, како и најавата дека доааѓаат во Скопје околу 1.600 фанови на Левски, УЕФА овој натпревар го прогласи за меч од висок ризик.

Секако дека ова значи дека МВР ќе мора да употреби поголеми ресурси за обезбедување на натпреварот, како и пред и по него.

Гостинските фанови ќе бидат сместени на западната трибина на Арената, а се очекува од граница па се до Скопје автобусите со бугарските фанови да бидат специјално обезбедувани од македонската полиција, се со цел да не дојде до судир со некоја од нашите навивачи групи.

Левски уште вчера ги предупреди своите фанови да не се обидуваат да носат со себе било какво ладно оружје, зошто на граница ќе им биде одземено.

ПретходноМартинез отворено: Лукаку ме разочара
СледноБи-Би-Си мораше да се правда поради убавите зборови за Новак Ѓоковиќ