Навивач на Левски прободен со нож и пренесен во болница

652

Навивач на фудбалскиот тим Левски бил итно префрлен во болница по тепачка на навивачките групи на Левски и Шкупи во Скопје во пресрет на мечот од Конференциската лига.

Инцидентот се случил во населбата Чаир, уште на повеќе од два часа пред почетокот на натпреварот, кога локалните жители нападнале бугарски автомобили, а очигледно дошло и до директна пресметка.

Според бугарските медиуми, навивачот е пренесен на клиниката „Мајка Тереза“, каде што му била укажана прва помош.

ПретходноШкупи промашуваше, а Бугарите казнија…. Левски води на полувреме на Арената (ВИДЕО)
СледноМВР потврди: Приведени 9 бугарски навивачи поради напад на полициски службеници