Вардар попладнево во Лесковац, во пријателски меч е поразен од домашниот состав на Дубочица со 1:0. Победничкиот гол за српскиот тим бше постигнат во 77.минута. Со овој меч експедицијата на Вардар ги заврши подготовките во Србија, поточно на Златибор и се враќа дома.
И на овој меч стручниот штаб на Вардар има даде шанса на повеќе свои играчи со цел да се провери моменталната форма во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ, а Вардар во 1.коло ќе и гостува на Брера Струмица.