Капитенот на Левски, Андријан Краев по првиот меч со Шкупи на кој неговиот тим славеше со 2-0 во рамките на второто квалификациско коло од Конференциската лига испрати критики за теренот на Националната Арена „Тодор Проески“.
„Многу тежок натпревар. Видовте на каков терен игравме. Срамно и несериозно е да се игра Конференциска лига на таков терен. Беше тешка борба, но мило ми е што добивме добар резултат. Очекувам повторно да победиме во реваншот пред нашите фанови.
Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката. Оваа победа е за нив“, рече Краев.