По веста од Италија дека Никола Калиниќ е пред излезните врати на Барселона и дека Црвена звезда би можела да го врати, надежите на навивачите на српскиот тим многу брзо згаснаа.
Познатиот новинар Матео Андреани ја објави веста дека неколку клубови од Евролигата го следат развојот на ситуацијата околу Никола Калиниќ и се подготвени да реагираат во случај на раскол меѓу двете страни, но во последен момент дојде до промени.
Калиниќ ќе остане во редовите на Барселина, а причината Хуанчо Ернангомез. Каталонците не успеаја да го убедат да му се придружи на неговиот брат Вили, бидејќи тој избра да ја продолжи кариерата во Панатинаикос.
По ова Калиниќ практично го задржа местото во тимот и никој во Барселона нема да спомне разделба, барем ова лето. Од друга страна, Калиниќ пред неколку месеци веќе изјави дека не знае ништо за враќањето во Црвена звезда, што беше нагласено во медиумите.