Екипата на Ал Наср продолжува да носи екстра квалитетни фудбалери во своите редови. По Кристијано Роналдо, Марцело Брозовиќ, Фофана, Оспина, Алекс Телес, сега на ред дојде Садио Мане.
Сенегалецот кој мина ужасна сезона во дресот на Баерн Минхен, се договори со Ал Наср за преселба во овој клуб, со што и тој одлучи да тргне по парите, а не да продолжи со сериозен фудбал во кариерата.
Според најавите договорот е веќе на маса, Мане би требало во текот на утрешниот ден да се појави на Блискиот Исток и да го официјализира трансферот.