Тимот на Детонит Плачковица во новата сезона во ВМФЛ, ќе влезе и тоа како со големи амбиции. Имено раководството на клубот успеа, барем досега, да се засили со девет нови имиња, и со тоа да најави атак кон Прва Лига. Дел од тие имиња кои дојдоа во Радовиш се искусни прволигашки играчи, во секоја случај Детонит не се шегува.
Досега од тоа е што официјално се знае дека Иван Настевски остана, а дојдоа Оливер Христов, Дарко Стојанов, Сухејб Рушити, Давид Бошески, Амир Фејзуловски, Илјаз Чилафи, Гордијан Христовски, Анџело Николовски, Јусуф Алиу.
Инаку од вечерва ново име е и напаѓачот Андреј Кудијан.