Лудило: ПСЖ со “шут – карта“ за капитенот, причината е Мбапе!

1027

И дефинитивно така не се води клуб, како што тоа го прават челниците на ПСЖ. За ова мал милион причини, од тоа како го губат Мбапе, па потоа како си замина Меси, што не знаат што со Нејмар и уште многу, многу други работи.

А последното е дека ПСЖ му врачил “шут – карта“ на капитенот, на Бразилецот Маркињос кој веќе неколку години е на “Паркот на Принцовите“. Причината за ова е дека тој му дал поддршка на Килијан Мбапе по се она што тој го има со клубот.

Навистина смешно.

Бразилецот на една прес – конференција кажа дека и натаму сака да игра со Мбапе, нешто што Насер Ал – Келаифи не сака да го слушне, па затоа и Маркињос се најде на трансфер листата.

Ако не знаеше даке доаѓа Луис Енрике, тогаш секако дека сега и тоа како знае.

ПретходноЦиндриќ оди во Динамо Букурешт
СледноУкраина се мисли меѓу Трнава и Прага за дуелот со Македонија, во октомври играме пријателска со Ерменија!