„Сапуница“ која трае со години привршува. ПСЖ се помири со губењето на Килијан Мбапе и ја кажа цената да го пушти во Реал. Станува збор за 250 милиони евра, оперативците на „кралскиот“ тим веднаш почнаа преговори со ПСЖ да ја спуштат цената бидејќи го сакаат Мбапе, но не по толку висока цена.
„Марка“ тврди дека причината поради која во Реал се надеваат дека ќе го имаат францускиот фудбалер на располагање е неговиот договор со ПСЖ, кој му завршува за само 11 месеци, а освен тоа тука е неговата преголема желба.
„Расплетот на сагата, односно трансферот на Мбапе во Реал е навистина блиску“, се вели во текстот на овој угледен медиум.
„Марка“ додава дека Реал има уште една огромна предност во преговорите со ПСЖ. „Мбапе им кажал на раководството на двата клуба дека доколку не постигнат договор до 31 август, тој ќе остане во ПСЖ до следното лето, а потоа ќе се пресели во Реал без обештетување. По ова ПСЖ одлучи да не го земе Мбапе на турнејата низ Јапонија.
„Со продажбата на Мбапе за рекордни 250 милиони евра, ПСЖ сака да ја прикаже загубата од него како победа“.