Данскиот шампион Копенхаген им забрани на навивачите да носат транспаренти на стадионот со кои бараа дресови од играчите, и дома и на гости. Причината не е злобата на играчите или скржавоста на клубот, туку разочарувањето на многу деца откако нема да го добијат она што го сакаат.
Дополнително, во данскиот клуб велат дека ваквите транспаренти ги доведоа играчите во непријатна ситуација бидејќи едноставно не можат да ги исполнат сите барања на своите млади навивачи.
„Одлуката произлегува од тоа што не е можно играчите да исполнат толку многу желби, што доведува до разочарување на многу деца кои дојдоа со надеж дека ќе добијат дрес. Бројот на вакви транспаренти драстично се зголеми во последните сезони, а за жал многу деца кои носеа знаци остануваат разочарани. Во исто време, играчите се ставени во тешка позиција затоа што не можат да ги исполнат сите желби“, велат од клубот.
Копенхаген не е единствениот тим во Европа кој се одлучи на ваков чекор, истото го стори и Ајак.
Фото: Копенхаген/Твитер