Реал Мадрид едноставно мисли на се што треба. Имено Џад Белингам, новиот член на “кралевите“ за кого Флорентино Перез плати 103 милиони евра за да го купи од Дортмунд, покрај англискиот пасош, ќе добие и пасош од друга земја.
И тоа од Р. Ирска, и се со цел да може да игра за Реал Мадрид како “домашен“ играч ако се знае дека Англија не е во ЕУ а Р. Ирска е. И познато е дека според правилата на Ла Лига, еден клуб може да регистрира само петтмина странци, а за време на натпревар во записник да има само тројца кои не се од ЕУ.
Ете, затоа.
Инаку интересно е тоа што Белингам и тоа како има “врска“ со Ирска како земја. Имено родителите на неговиот татко се Ирци кои пред многу години се преселиле во Англија, додека неговата мајка има потекло од Африка.
И сега Белингам како Ирец ќе игра за Реал Мадрид, и тоа како домашен фудбалер, нема да биде странец со англиски пасош.