Она што се најавуваше, еве од денеска е и официјално. УЕФА го исфрли Јувентус од настапот во Лигата на Конференции, а го казни и со 20 милиони евра.
И се поради оние финансиски малверзации за кои беше обвинет клубот од Торино.
Познато е дека на оваа казна Јуве нема да се жали, а до оваа казна дојде всушност преку “договор“ меѓу двете страни.
Со оваа казна Јуве се спасува од најлошото, а тоа да биде на долги години остранет од Лигата на Шампиони, вака само оваа сезона ќе ја пропушти.