По бламажата во Европа: Во Шкендија се бара начин како да се ослободат од странците!

1668

И повеќе од јасно е дека по срамната, епската бламажа во Лигата на Конференции, по оној тотален неуспех и елиминација од Хаверфордвест, во Шкендија ќе има последици и тоа какви.

Фановите на тетовските „црвено – црни“, па и јавноста побара газда Дестани да им врачи “шут – карта“ на сите кои го осрамотија клубот, но сега засега нема ништо од тоа.

Се шекулираше дека во раководството ќе се кооптираат некогашни ѕвезди на Шкендија, некогашни капитени, ќе се врателе и некои поранешни претседатели, но и за тоа ништо, барем засега.

Последно нешто е дека, барем според она што ние успеавме да го дознаеме и тоа од сигурни извори, е дека во Шкендија и тоа како сериозно се размислува и се бара начин како клубот да се ослободи од бројните странци што ги има во своите редови.

Буџетот секако дека ќе биде намален, а во новата сезона 2023/24 ќе се игра со домашни играчи.

Значи се бара начин како да им се даде отказ на странските играчи како Цаке, Лимани, Дита, Ќака, Красниќи, Шаља, Чинари, Аганспахиќ. Дел од нив ова лето дојдоа како големи засилувања, но силно разочараа и докажаа дека далеку се од тоа да бидат дел од една Шкендија.

Јасно е дека Шкендија е на потег, ќе видиме како ќе се одвиваат настаните натаму, но дека нешто ќе има, и тоа е како јасно, а и потребно.

ПретходноПол-позицијата за Ферстапен, но Леклер ќе стартува прв во Белгија!
СледноВардар поразен од Дубочица!