Украина се мисли меѓу Трнава и Прага за дуелот со Македонија, во октомври играме пријателска со Ерменија!

155

Познато е дека квалификациите за пласман на ЕВРО 2024 продолжуваат во септември. Македонија на 9 септември ја пречекува Италија, а потоа три дена подоцна и гостуваме на Малта.

Во октомври играме само еден меч, оној со Украина на гости. Па така, поради војната, во таа земја нема услови да се играат вакви мечеви, Фудбалската федерација на Украина се уште се мисли дали Македонија ќе ја пречека во Трнава (Словачка) или Прага (Чешка). Во секој случај Украина и Македонија ќе играат на неутрален терен.

Со оглед на тоа дека во овој октомвриски циклус Македонија ќе одигра само еден меч, со Украина на 14 октомври, терминот 17 октомври за нас е слободен, па така него ќе го искористиме за играње на пријателски меч со Ерменија и тоа дома.

ПретходноЛудило: ПСЖ со “шут – карта“ за капитенот, причината е Мбапе!
СледноПол-позицијата за Ферстапен, но Леклер ќе стартува прв во Белгија!