Раководството на Ракометната Федерација на Македонија, поточно Управниот одбор на седница донесе одлуки по итност, согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации.
1. Одлука за финансово формализирање на добиените парични средства, во вкупен износ од 2.000.000,00 денари, од страна на Агенцијата за Млади и спорт наменети за рангирани младински клубови учесници во спортскиот систем на натпревари.
Средствата согласно договорот се распределуваат на учесници во младинските категории во сезона 2022/2023 година при национален систем на натпревари на Ракометна Федерација на Македонија согласно ранкингот на ракометните клубови освоен во Final 4 завршниците;
2. Именување на г-дин Мартин Бошковиќ за Претседател на Комисија за лиценцирање при Ракометна Федерација на Македонија;
3. Одлука за финансово формализирање на добиените парични средства, во вкупен износ од 250.000,00 денари, од страна на Агенцијата на Млади и спорт наменети за партиципација за финансирање на Проекти на националните спортски федерации за поддршка на жената во спортот.
Средствата во износ од 250.000,00 денари се доделуваат на Здружението на ракометни тренери на Македонија за финансирањe и спроведување на проект за стручна едукација на женски ракометни тренери.