Македонската кадетска ракометна репрезентација ги прави последните подготовки пред стартот на Светското првенство кое ќе се одржи во Хрватска.
Предводникот на „црвено-жолтите“ непосредно пред самото заминување се соочи со голем проблем се повреди единствениот десен бек. Димитар Узунчев има
фрактура на метатарзална коска на стапалото, ќе мора да паузира најмалку 3-4 недели.
Македонската репрезентација во понеделник патуза за Ријека, на втори август го игра првиот меч против Норвешка. Во нашата група се уште селекциите на Црна Гора и Грузија.