Некогашниот член на шампионската генерација на РК Вардар, хрватот Лука Циндриќ дефинитивно заминува летово од Барселона, пред се поради смалување на буџетот на клубот.
Искусниот ракометас сега има опција за преминување во нова средина, а добро информираните ракометни кругови велат дека тој е на пат за Букурешт каде што ќе го засили романскиот првак Динамо.
Двата клуба се во завршни преговори, а во Динамо тренер е добро познатиот Чави Пасквал, кој веќе со Циндриќ има соработувано.