И дефинитивно ПСЖ, заедно со својот нов стратег Луис Енрике, ја почнува ерата без Килијан Мбапе. Покрај Осман Дембеле, кој речиси сигурно од Барса ќе се пресели во ПСЖ, денеска медиумите во Франција известуваат дека за 110 милиони евра, “светците“ ќе го купат и Педри, еден од “дијамантите“ на каталонците и шпанскиот фудбал. Имено толкава е откупната клаузула.
Секако дека ова е голем шок за сите во Барса, но ако се знае дека тие пари и тоа како добро ќе им дојдат, тогаш јасно е дека нема да има премногу жалење за младиот играч за врска. Секако дека за овој трансфер притиска и самиот Енрике, кој и тоа како има позитивно мислење за него.