Дали е ова голот на деценијата: Бартра од пола терен од слободен удар го “тресеше“ тимот на Чурлинов! (ВИДЕО)

978

Неверојатен гол беше постигнат денеска на пријателската средба меѓу Бетис и Барнли, тимот на Дарко Чурлинов. Гол кој не само што ретко се гледа на фудбалските терени, туку слободно може да се каже дека веројатно е и голот на деценијата.

Имено се играше 50.минута, Барнли водеше со 0:1, а потоа Марк Бартра, кој се врати во Бетис, тргна да изведе слободен удар и тоа од пола терен па и повеќе зошто топката беше во половината на шпанскиот тим. Откако виде дека Трафорд, оној голман кој цела Европа го фалеше како репрезентативец на У-21 селекцијата на Англија со која стана и европски првак, Бартра шутираше перфектно и милиметарски точно за гол од соништата.

Инаку јасно е дека во составот на Барнли не беше нашиот Дарко Чурлинов кој сеуште заздравува од болеста.

ПретходноДетонит Плачковица со девет засилувања во атак на ПМФЛ!
СледноШок во Барса: Педри се сели во ПСЖ!