Детонит Плачковица со девет засилувања во атак на ПМФЛ!

950

Тимот на Детонит Плачковица во новата сезона во ВМФЛ, ќе влезе и тоа како со големи амбиции. Имено раководството на клубот успеа, барем досега, да се засили со девет нови имиња, и со тоа да најави атак кон Прва Лига. Дел од тие имиња кои дојдоа во Радовиш се искусни прволигашки играчи, во секоја случај Детонит не се шегува.

Досега од тоа е што официјално се знае дека Иван Настевски остана, а дојдоа Оливер Христов, Дарко Стојанов, Сухејб Рушити, Давид Бошески, Амир Фејзуловски, Илјаз Чилафи, Гордијан Христовски, Анџело Николовски, Јусуф Алиу.

Инаку од вечерва ново име е и напаѓачот Андреј Кудијан.

ПретходноМбапе го напушти Париз! (ВИДЕО)
СледноДали е ова голот на деценијата: Бартра од пола терен од слободен удар го “тресеше“ тимот на Чурлинов! (ВИДЕО)