Милан и Јувентус баш ги забавуваа Американците, победникот го одлучи „пенал рулетот“ (ВИДЕО)

319

Публиката беше задоволна од она што им го приредија Милан и Јувентус. Регуларниот дел заврши 2-2, по што во пенал рулетот подобро се снајде Јувентус победи со 6:5. Костиќ не беше прецизен од белата точка, но на крајот на Сула, младиот Аргентинец пресуди на „росонерите“.

Малик Тиау го отвори дуелот, му донесе водство на Милан од 0-1 во 23. минута. Данило израмни на 1-1, додека пред одморот Жиру донесе ново водство на “росонерите“ 1-2. Во второто полувреме „падна“ еден гол, истиот беше дело на Ругани.

Во пенал серијата двете екипи шутнаа по шестпати. Кај Милан промашија Ромеро, Побега и Бартесаги. Во составот на Јувентус двајца не реализираа, Илинг Жуниор и Костиќ.

 

ПретходноГолчиште на Бензема во дресот на тимот кој го плаќа 200 милиони (ВИДЕО)
СледноКапитенот на Левски револтиран: Срамно е да се игра Конференциска лига на ваков терен