Официјално: УЕФА го исфрли Јуве од ЛК и го казни со 20 милиони евра!

396

Она што се најавуваше, еве од денеска е и официјално. УЕФА го исфрли Јувентус од настапот во Лигата на Конференции, а го казни и со 20 милиони евра.

И се поради оние финансиски малверзации за кои беше обвинет клубот од Торино.

Познато е дека на оваа казна Јуве нема да се жали, а до оваа казна дојде всушност преку “договор“ меѓу двете страни.

Со оваа казна Јуве се спасува од најлошото, а тоа да биде на долги години остранет од Лигата на Шампиони, вака само оваа сезона ќе ја пропушти.

ПретходноВардар поразен од Дубочица!
СледноФантастичен гол: Мајсторија на Митровски за водство на Вараждин! (ВИДЕО)