Синот на Леброн е пуштен од болница: Ви благодарам за пораките со љубов и молитви

205

Брони Џејмс најстариот син на ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, е ослободен од медицинскиот центар пуштен од болницата „Седарс-Синаи“ откако во вторникот за време на тренинг доживел срцев удар.

Неговата состојба била стабилна и не е во животна опасност.

„Благодарение на брзата и ефективна реакција на медицинскиот персонал, лечењето на Брони Џејмс од изненадниот срцев удар беше успешно“, објавиле од болницата, додавајќи дека момчето сега ќе продолжи да се рекуперира во домашна нега.

Од болницата додаваат дека младиот кошаркар има уште неколку лекарски прегледи за да се утврди причината за срцевиот удар. Засега не е познато како ненадејниот срцев удар ќе се одрази на неговата кошаркарска кариера.

„Иако неговото лекување е во тек, се надеваме на понатамошен напредок“, се вели во соопштението од болницата.

На социјалните мрежи се огласи и Леброн Џејмс.

„Сакам да се заблагодарам на сите кои праќаа пораки со љубов и молитви до моето семејство. Нашето семејство е заедно во овие моменти, сигурни сме и здрави, ја чувствуваме вашата љубов. Ќе кажеме повеќе за се ова кога ќе бидеме подготвени, а сега сакав само да ви кажам колку многу ни значи вашата поддршка“, порача Џејмс.

ПретходноМарка: Сапуницата заврши, ПСЖ му кажа на Реал колку сака за Мбапе!
Следно„Мини“ кадетски Евробаскет во Скопје!