Циндриќ оди во Динамо Букурешт

163

Некогашниот член на шампионската генерација на РК Вардар, хрватот Лука Циндриќ дефинитивно заминува летово од Барселона, пред се поради смалување на буџетот на клубот.

Искусниот ракометас сега има опција за преминување во нова средина, а добро информираните ракометни кругови велат дека тој е на пат за Букурешт каде што ќе го засили романскиот првак Динамо.

Двата клуба се во завршни преговори, а во Динамо тренер е добро познатиот Чави Пасквал, кој веќе со Циндриќ има соработувано.

 

ПретходноАрсенал ја откри статуата на Арсен Венгер пред „Емирати“ стадионот
СледноЛудило: ПСЖ со “шут – карта“ за капитенот, причината е Мбапе!