Дарко Велковски не е повеќе член на тимот на Ал Етифак. Стандардниот македонски репрезентативен стопер летово ќе мора да си пронајде нова средина откако од клубот каде што тренер е големиот Стивен Џерард му порачале дека повеќе не сметаат на него. Иако Велковски имаше активен договор со клубот, со доаѓањето на Џерард очигледно дека за него место во клубот нема.
Велковски со оглед на неговата минутажа во репрезентацијата, станува јасно дека ќе мора веднаш да наоѓа клуб каде што ќе игра на речиси секој натпревар за да може да ја одржи формата која што е потребна за националниот тим.