Ел Билал Туре, досегашниот играч на тимот на Алмериа, е нов член на тимот на Аталанта. Екипата од Бергамо го носи офанзивецот за сума од 30 милиони евра, што е рекорд, а 21. годишниот фудбалер ќе потпише договор до 2028 година.
Туре мина само една сезона во Шпанија, откако пристигна од Ремс за осум милиони евра.
За шпанскиот тим запиша 22 натпревари, на кои забележа 7 гола и 2 асистенции. Младиот играч е и интернационалец од Мали, со 15 настапи со 5 гола и 2 асистенции за својата земја.