Ждрепката за новата ВМФЛ сезона е закажана за во понеделник

321
Ждрепката за новата натпреварувачка сезона 2023/24 за  ВМФЛ конкуренцијата, ќе се одржи во понеделник 31.7.2023 во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
Вака одлучија од Федерацијата по неколкуте одлагања пред се поради проблемите кои се случија во ПМФЛ конкуренцијата.
Во оваа сезона има неколку кандидати за највисок пласман, секако во прв ред тоа е тимот на Пелистер, но и тимот на Скопје, кој секогаш кога е второлигаш по дифолт е во врвот на табелата.
Тимот на Беса Добри Дол направи екстра екипа за второлигашки услови, додека скриени фаворити се и екипите на Детонит, Беласица, Победа…
ПретходноФерстапен најдобар на спринтот во Белгија
СледноКавани ќе игра на “Бомбоњера“!(ФОТО)