“Сапуницата“ продолжува: Реал нема намера сега да плати 250 милиони евра за Мбапе!

270

Се чини дека “сапуницата“ поврзана со Килијан Мбапе и Реал Мадрид продолжува. Во последните две – три години нема ден а да не се спомене нешто на оваа тема. Сега кога ПСЖ вече нема намера да го моли и го стави на трансфер – листа Килијан, и посебно кога овој ги “откачи“ Арапите за 700 милиони евра за една сезона, се чини дека тој е многу блиску до “Сантијаго Бернабеу“.

Од Реал нема шпекулации, Дон Флорентино задоволно си се смешка, но исто така нема намера да плати 250 милиони евра за Мбапе сега, колку што бара ПСЖ за да го “ослободи“.

Сепак, ако “Марка“ денеска прави “лајв“ за се она што е поврзано со Килијан Мбапе, секако дена нешто има, нешто се случува “зад завесите“ што би се рекло.

ПретходноЗоран Даноски се “поврзуваше“ со Шкендија, ама потпиша за Звијезда! (ФОТО)
Следно“Сити е најдобар во светот и Пеп е најдобар во светот“: “Граѓаните“ го “блиндираа“ Аке до 2027! (ФОТО)