“Сити е најдобар во светот и Пеп е најдобар во светот“: “Граѓаните“ го “блиндираа“ Аке до 2027! (ФОТО)

77

Во очекување на трансферот на Јошко Гвардиол, Манчестер Сити го продолжува тековните работи. Имено европскиот првак го “блиндираше“ Нејтан Аке со нов договор и тоа до 2027. Ова е награда за дефанзивецот кој имаше и тоа успешна сезона лани.Image

Манчестер Сити е најдобриот клуб во светот и Пеп Гвардиола е најдобар менаџер во светот“ ова се првите зборови на Аке откако беше промовиран неговиот нов договор со Манчестер Сити.

Инаку Холанѓанецот за свој матичен клуб го смета Феенорд, после беше член на Челзи, за да во 2020 година од Борнмут се пресели на Етихад.

May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

Претходно“Сапуницата“ продолжува: Реал нема намера сега да плати 250 милиони евра за Мбапе!
СледноЛудница: Спектакуларен дочек за Икарди во Истанбул! (ФОТО + ВИДЕО)