Брегалница и МЃП ремизираа во Штип, Брера во Струмица подобра од Пелистер

731

Екипата на Брегалница на домашен терен денеска ремизираше во пријателски натпревар против екипата на Македонија ЃП. Конечните 1:1, беа дело на Самир Фазли кој погоди за гостите уште на стартот, а потоа израмни Давид Калпачки.

Од друга страна пак екипата на Брера Струмица на свој терен го совлада Пелистер со конечни 2:1.

Ова се последните мечеви за нашите прволигаши пред стартот на ПМФЛ шампионатот следниот викенд.

 

ПретходноХојлунд пред промоција во Манчестер Јунајтед
СледноТиквеш е овогодинешен победник на Вуко Каров