Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ добил наредба од раководството на клубот дека мора да ослабе за да биде подготвен за претстојната сезона во НБА. Меѓутоа, Лука се појави во феноменално издание на подготовките на словенечката репрезентација и е поподготвен од било кога.
Причината поради која побарале од него да биде со идеална тежина е фактот што Лука од Олимписките игри во Токио во 2021 година се вратил со значителен вишок и тежел дури 118 килограми.
Непрепознатливо слабиот Дончиќ очигледно е во многу добра физичка форма, а можеше и самиот да се увери тренерот на Далас, Џејсон Кид кој ги посети Лука и неговите соиграчи.
Hey @dallasmavs, look who’s here 👋🏼😍#mojtim I #lukadoncic I #dallasmavs pic.twitter.com/OJh8vsUaR8
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) July 28, 2023