Даниел Дупјачанец останува во Франција!

211

Даниел Дупјачанец ќе ја продолжи својата кариера во Франција. Искусниот чувар на мрежата потпиша договор со екипата на Бањол.

Поранешниот капитен на Металург најпрвин настапуваше за Вилербан, а потоа и за Курнон Д’Аверњи, па добрите настапи на искусниот голман беа препорака да најде нов ангажман во францускиот ракомет.

Бањол е клуб што се натпреварува во третата француска лига, со амбиции сезонава со Македонецот на голот да се обиде да се избори за промоција во повисок ранг на натпреварување.

Дупајчанец кариерата ја почна во Тутунски Комбинат, а од македонските клубови има настапувано и за Младост Богданци и за Металург, тим со кој стигна до куп-трофејот по одличниот настап што го имаше во големото финале во Куманово против Вардар. Како дел од меѓународната кариера искусниот голман има настапувано за екипи во Косово, потоа за Азоти Пулави во Полска, за Кадетен Шафхаузен во Швајцарија…

ПретходноБраво момче МАКЕДОНЧЕ: Ивановски со пласман во финалето на турнирот во Австрија!
СледноСерхио Рамос ќе стане ривал на Меси?