Денеска по 23-пат “Вуко Каров“!

149

Денеска попладне фудбалски празник во Кавадарци. По 23-пат ќе се одржи меморијалниот турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ и тоа во организација на ФК Тиквеш и секако градските власти на Кавадараци.

Како што е вобичаено во последните години и сега ќе учествуваат три екипи а ќе се игра по “италијански систем“ секој со секого по едно полувреме или по 45 минути.

Покрај Тиквеш денеска на овој турнир гости ќе бидат и екипите на Гостивар и Кожув.

Секако дека и овојпат се очекува атрактивен и квалитетен фудбал како што е тоа вообичаено кога се работи за меморијалот “Вуко Каров“.

Može biti slika sljedećeg: Odrezak ulaznice i tekst

ПретходноНа повидок од шесто заминување од Реал Мадрид
СледноПетков и Миловановиќ ќе го подмладат ростерот на МЗТ Скопје