ЖРК Металург се засилува од Шампион

138

ЖРК Металург амбициозно ќе влезе и во новата сезона од женската ракометна лига, откако клубот од Автокоманда набрзина се консолидираше по проблемите со кои се соочи во финишот од ланскиот шампионат.

Голема новина е доаѓањето на Силвана Карбевска за нова предводничка на стручниот штаб на ЖРК Металург.

Карбевска доаѓа заедно со Марко Миркуловски од таборот на ЖРК Шампион, а заедно со нив двајца во Металург доаѓаат и дел од ракометарките на Шампион. Веќе е договорено и стартот на подготовките да биде на 9 Август и истите ќе се одвиваат во Скопје.

Она на што во ЖРК Металург се исклучително горди е функционирањето на младинската школа, па така овој клуб ќе има свои екипи во сите категории на женската ракометна сцена на Македонија, пионерки, кадетки, младинки и сениорки.

ПретходноСкопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година
СледноОва е првиот гол на Миовски по повредата! (ВИДЕО)