Зоран Даноски (32) искусниот офанзивец си најде нов клуб. Тоа е тимот на Звијезда кој се натпреварув во Премиерлигата на БиХ. Даноски денеска и официјално беше претставен од страна на новиот клуб.
Интересно е тоа што во изминатите неколку дена, Даноски се “поврзуваше“ со Шкендија, такви беа шпекулациите, но сепак не дојде до тоа туку тој потпиша за босанскиот клуб.
Инаку Зоран Даноски досега во својата кариера настапувал и за Металург, Кожув, Тиквеш, Победа, има играно и во Чешка, Хрватска,Србија, а последен клуб му беше Радник од Сурдулица.