Единсон Кавани, легендарниот уругвајски напаѓач, заврши со Валенсија и тоа на една година до истекување на договорот. Според медиумите во Шпанија, искусниот офанзивец својата кариера ќе ја продолжи во Аргентина и тоа во тимот на Бока Јуниорс, тоа значи дека ќе игра на легендарната “Бомбоњера“.
Се очекува тој да стави потпис на 1,5 годишен договор со аргентнскиот гигант.
Кавани покрај другите клубови играше и за Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед…