По заминувањето на Карим Бензема, Еден Азар, Марко Асенсио, Маријано Дијаз и Хесус Ваљехо, Реал Мадрид летово ќе остане без уште еден играч.
Алваро Одриозола повеќе не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти, па летово доби инструкции да бара друг клуб.
Иако сите индикации укажуваа на враќање на десниот бек во Реал Сосиедад, тимот од кој дојде во Реал Мадрид во 2018 година за сума од 32 милиони евра, Алваро Одризола сега е во искушение со враќање во Серија А.
Во сезоната 2021/2022 Алваро Одриозола играше како позајмен во Фиорентина, а дали повторно ќе се врати на „чизмата“ ќе видиме.
Сега Наполи е заинтересиран за услугите на Одризола, а шпанскиот десен бек не би рекол не за преселба во редовите на шампионот на Италија, пренесува Mundo Deportivo.
Кралевите бараат отштета за него, но постои и можност тој да замине бесплатно бидејќи немаат намера да го задржат во Мадрид.